На последната седница на Советот на Општина Битола каде се разгледуваше и кварталниот извештај за извршувањето на буџетот во првиот квартал од оваа година, советникот од СДСМ, Борче Корлевски праша дали има асфалтирање на нови улици во првиот квартал.
„Кои се очекувањата на граѓаните од тие што ги споменуваат 68. Имаме проект за ова, имаме проект за она, започнато, кај да е ќе почни, трета година веќе. Ова е последната и тоа на половина сме, последната градежна сезона која што можиме да ја работите, затоа што наредната ќе биде пред локалните избори“, рече Корлевски.
Тој исто така зборуваше и градинката во старата касарна.
„Ниту во бројка не можеме да видиме, ниту едно капитално дело завршено. Зборуваа за градинките, точно во првиот квартал минатата година. Еве читам, посета на градоначалникот. Нас ни ветуваа дека во декември месец пред новата година, детската градинка ќе биде завршена, до застаклување. Дали доцни стаклото или не можат стаклар да најдат не знам, но на сликите стако не гледаме на детската градинка во АРМ“ вели тој.












