Пред советниците на 39-та седница се најде и годишниот извештај за реализација на програмата за активности од областа на спортот и младите за 2023 година.
„Ако се сеќавам, ветуваа спортска сала во Долно Оризари. Така беше, колегата Петковски може да ме потсети, тој во спотовите во 2021 година ги навестуваше сите тие објекти. Навестуваше спортски игралишта и во Буковски ливади и во останатите делови и во руралните средини, особено се сеќавам за салата во Долно Оризари, ама никако да видам каде ќе биди. Барем да ја околчеа да видевме каде ќе биде. Или било кој нов спортски објект во градот“ рече советникот од СДСМ Борче Корлевски.












