Владата, на седницата одржана на 11 јули, ја донесе одлуката за прогласување на Саат-кулата во Битола за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење, соопшти министерката за култура Бисера Коистадиновска-Стојчевска.
„Горда сум што Саат-кулата ја добива највисоката верификација и се вбројува во редот на културни добра со најголема културно-општествена важност на градот.
Градскиот часовник, изграден во 1830 година со својата висина од 33 метри, доминацијата во просторот и саатниот механизам, претставува еден од најзначајните симболи на Битола.
Објектот се наоѓа во Градскиот парк, во срцето на Битола, на просторот меѓу црквата Св. Димитрија и Јени-џамијата.
Саат-кулата има единствен музички механизам со 15 камбани од кои одекнува одредена мелодија на секои шест часа.
Како своевиден белег на „Градот на конзулите“, плени со својата уникатност и претставува важен архитектонски елемент од културно-историско значење во јавниот живот на битолчани“ вели Стојчевска-Костадиновска.













