Денеска од прес конференција, секретарот на битолската ВМРО ДПМНЕ, Николче Котевски зборуваше за како што рече мобинг врз вработените во РЕК Битола.
„На почетокот на годината неспособната влада сееше закани за т.н принудни одмори во РЕК Битола и целиот енергетски и рударски сектор. Кога сфатија дека немаат ниту основа ниту право на тоа , преминаа на добриот стар мобинг.
Ви го посочуваме примерот на односот на главниот инженер по хемија во РЕК Битола, Мирјана Захариевска Ралевска, избран советник во Советот на Општина Битола од редовите на СДС.
Оваа госпоѓа не е овластена, ама дозволено и е да пишува произволни наредби за распоредување на работници спротивно на Законот за работни односи, Колективниот договор и систематизацијата.
Дозволено и е наредбите да не бидат ниту заверени ни архивирани, дозволено и е да оди преку генералниот директор и дозволено и е да ги присилува работниците на незаконско работење“ рече Котевски.












