Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски рече дека биле поканети на денешниот настан за почеток на реализацијата на автопатот Прилеп-Битола, но тие одлучиле дека нема да одат.
„Да, бевме поканети, меѓутоа нашиот став, знаете имаше и прашање кое што беше поставено до локалната самоуправа за нашата одлука. Видете, многу нетранспарентности, многу непознаници се во делот на проектот „Бехтел и Енка “, договор кој никој го нема видено, еве јас кажувам дека сите јавни набавки кои ги спроведува Општина Битола се достапни за сите, секој може да ги види и сите договори се достапни. За каков договор се работи, никој нема видено, ниту локацијата каде ќе биде, ниту трасата, ниту сме информирани како град, само добивме покана за некаква манифестација. Не сакаме да присуствуваме само на сликање и фотографирање таму. Познати се ставовите на ВМРО ДПМНЕ и нашиот став дека многу потранспарентни треба да бидат работите и таму треба многу институции да се инволвираат, да се расчисти прво, самата суштина на договорот и сите овие закони кои што под плаштот на Европа или европското знаменце се протуркаат“ рече Коњановски.












