ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ: НА САКАМ ДА ПОМИСЛАМ ШТО БИ СЕ СЛУЧИЛО АКО НЕ ПОМИНЕ РЕБАЛАНСОТ

„Се потврди она што го зборувавме и тогаш и не би сакал да се навраќам, само да кажам уште еднаш дека завршната сметка не е кафанска сметка, како што беше кажано, таа не е обична фискална сметка од некој кафич или ресторан, таа е сериозен документ кој ја покажува работата во изминатата година на една локална самоуправа“ вака вели градоначалникот Тони Коњановски прашан дали очекувањата се дека ќе биде донесен ребалансот на буџетот и дали тој ќе ги потсети советниците како ја гласале завршната сметка за 2023 година, со огледн на тоа што мнозинството е на спротивната страна.

Тоа вели беше потврдено на крајот, иако беше негирано во кварталните извештаи, за што вели дека или беше повеќе политика или нешто друго, но со прифаќањето вели тој се даде потврда на она што го работи локалната самоупарав.

„Ако градоначалникот не работел добро завршната сметка не требаше да биде прифатена. Не сакам да помислам што би се десило доколку ребалансот не помине, зошто е неопходна и поддршката на јавните преторијатија. Поддршката во делот на програмите и осовременување на услугите, со цел да не се зголемуваат таксите, комуналните такси кои би следеле на товар на граѓаните, затоа даваме сериозна поддрша од 25 милиони денари  само на ЈП „Комуналец“ за уличното осветлување 5 милиони денари, за јавното зеленило 10 милиони денари, прифатилиштето кое кажав ги чека тие 10 милиони денари за отпочнување со нивната работа. Исто така поддршката на јавното претпријатие „Пазари“ од 6 милиони денари, на „Паркинзи“, на Старскиот дом „Сју Рајдер“и на ЈП „Жабени“, вели Коњановски.

Седницата на која ќе се носи ребалансот е закажа за утре, а дали ќе добие зелено светло општината ќе дознае утре.