ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ ПОБАРА ИЗМЕНА НА ОДЛУКАТА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ

Поради зголемени градежни активности во централното градско подрачје и изградбата на топловодната дистрибутивна мрежа на град Битола, која се одвива на повеќе локации во градот, моментално на Ул.„Партизанска” и спојот на Ул.„Баталјон Стив Наумов” со Ул.„Филип Втори Македонски”, како и активности кои ги изведува Општина Битола согласно годишните програми како и Развојната програма за ул „Стив Наумов” и ул. „Солунска”, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, до општинскиот Совет, достави предлог Одлука, со која иницира и предлага Советот на Општина Битола на наредната седница, да донесе Oдлука за измена на Одлуката за означување условите и утврдување режимот на сообраќајот во централното градско подрачје во Битола бр.07-688/4 од 27.09.1999 година („Службен гласник на Општина Битола” бр.7/1999).

 

Со донесувањето на измената на оваа Одлука, во време на зголемени градежни активности, ќе се овозможи непречено одвивање на сообраќајот и во терминот од 19.00 до 24.00 часот на ул. „Димитар Илиевски – Мурато”, од раскрсницата со улица „Никола Тесла” до влезот на паркингот пред Центарот за култура. Доколку Советот ја донесе бараната измена, истата би важела заклучно со 31.12.2024.

По доставувањето на барањето од градоначалникот, од страна на претседателката на Советот, Габриела Илиевска беше побарано дообјаснување, по што истото беше прифатено и претседателката Илиевска, закажа седница на Советот, со бараната точка на дневен ред, во среда 19.06.2024 во 8.30 часот.

Попладнево стигна и информацијата дека претседателката на Советот, Габриела Илиевска за в среда ја закажа вонредната седница. Координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски вели дека тие ќе гласаат за ова барање на градоначалникот, а координаторот на СДСМ, Методија Илиевски свикал координација и во текот на утрешниот ден ќе го соопштат нивниот став.