ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ ЈА ПОВИКА ВЛАДАТА ДА ГО СЛЕДИ ПРИМЕРОТ НА БИТОЛА

Падна договор. Штрајкот во јавните претпријатија во Битола прекинува. На средбата на градоначалникот Коњановски, со директорите на јавните претпријатија од градот и претставници од синдикатите договорено е линерно зголемување на платите во висина од 2806 денари од месец август и исплата на регрес за годишен одмор согласно законската регулатива.  

„ За разлика од централните институции и Владата на Република Македонија, кои досега не покажаа слух ниту за потребите на граѓаните, ниту за работниците и работничките права, ниту пак за општините, локалната самоуправа во Битола, од првиот ден работи на подобрување на социјалниот дијалог со активно вклучување на сите засегнати страни, меѓу кои и јавните претпријатија, репрезентативните синдикати и работниците. Последиците од економската криза и пасивноста на Владата во однос на спроведување на економски мерки, ги чувствуваме сите и затоа мора да воведуваме функционални решенија.Проблемот со ниските плати кај административните службеници во општината, надополнет со последиците од постојаниот раст на цените, го констатиравме веднаш по доаѓањето како нова локална самоуправа, поради што веднаш беше формирана комисија за подготвување на колективен договор за вработените во општинската администрација, на кој се работеше во изминатиот период и истиот на следната седница на Советот ќе биде образложен пред советниците, за потоа да може да се пристапи кон негово потпишување.Истата комуникација, за целиот овој период, ја остваруваме и со репрезентативните синдикати на јавните претпријатија со кои и денес имаме состанок, во присуство и на директорите, со цел постигнување на заеднички договор и непречено функционирање.Општина Битола, како основач на јавните претпријатија, ќе овозможи нивна поддршка и субвенционирање за надминување на тешката состојба во која се наоѓаат, поради што од моја страна, беше дадена согласност за линеарно зголемување на платите на вработените во сите јавни претпријатија во износ од 2806 денари и секако исплата на регрес за годишен одмор, согласно законската регулатива.

Градоначалникот од директорите на јавните претпријатија и од претставниците на синдикатите, побара зголемена ангажираност на вработените и навремено извршување на работните обврски, а Владата ја повика да го следи примерот на Битола.

„Сите вработени мора да покажат максимална ангажираност, затоа што сите заедно мора да работиме со цел хигиената да се подигне на повисоко ниво, Битола да биде чист град, да има квалитетно водоснабдување и подобра инфраструктура.Се надевам дека, зад ваквиот договор, едногласно ќе застане и Советот на општина Битола, затоа што, во овие моменти важно е, социјалниот дијалог да биде на високо ниво, а секој од нас, да покаже одговорност“, рече Коњановски.

На ниво на држава работниците втор ден штрајкуваат.