Меѓународните мировни сили на Косово (КФОР) синоќа соопштија дека поради можното присуство на вооружени групи на северот на Косово, го зголемиле присуството на нивните војници, пишува Радио Слободна Европа.
Во соопштението се наведува дека КФОР е целосно фокусиран на секојдневното спроведување на својот мандат, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, „да обезбеди безбедна средина за гарантирање и слобода на движење, за доброто на сите заедници кои живеат на Косово“.
Инаку вчера група демонстранти се собраа на преминот Јариње, меѓу Косово и Србија на територијата на Србија, во знак на поддршка за локалните Срби кои подигнаа барикади на северот на Косово.












