ТЕРА

REKLAMA???

ЛАНИ ОКОЛУ 7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, ОД НИВ НАЈМНОГУ ЗА РАБОТИ

Вредноста на јавните набавки на 80-те општини и Градот Скопје во 2022 година е намалена за една третина, односно за 65 милиони евра во однос на 2021 година.

80-те општини и Градот Скопје во 2022 година вкупно склучиле 3.508 договори за јавни набавки во вредност од 7,3  милијарди денари, односно 118 милиони евра.

Ова, како што велат од Центаот за граѓански комуникации кој го работеше истражувањето, значи дека помал дел од буџетските пари се инвестирани во стоки, добра и услуги кои можеле да придонесат кон подобрување на условите за живот на граѓаните.

Пад на вредноста на јавните набавки во 2022 година е забележан кај 54 општини и Градот Скопје. Притоа, на листата на единици на локалната самоуправа со најголеми падови на вредноста на јавните набавки, која ја предводи Градот Скопје и скопските општини Центар и Гази Баба, потоа Гостивар, Тетово…

Во оваа листа на десет општини Битола не се наоѓа. 

Од друга страна, најголеми скокови во апсолутната вредност на тендерите во 2022 година имаат остварено општините Кисела Вода, Струмица и Штип.

Во првата десетка единици на локалната самоуправа со најголема  вредност на тендерите, зад Градот Скопје се Кисела Вода и Битола, со вредност од по речиси 7 милиони евра, потоа е Струмица, со 5,4 милиони, па Штип, со 4,8 милиони евра, Кавадарци, со 4,4 милиони евра,  Центар, со 4,2 милиони евра, Куманово, со 4,1 милион, Гостивар, со 4 милиони, и Гази Баба, со 3,4 милиони евра.

За нерамномерноста меѓу општините говори податокот дека овие десет единици на локална самоуправа имаат вредност на набавките буквално колку преостанатите 71 општина заедно. 

Во 2022 година во Општина Битола, вкупната вредност на јавните набавки била 428.201.191 денари или 23,04% од вкупниот буџет на општина Битола.

Имало 202 јавни набавки, а најголем дел од нив биле кај ЈП„Нискоградба“, на второ место е „Стентон градба“, на трето Јавното претпријатие за урбанистичко планирање и ткн. Најголем дел од јавните набавки се за работи, потоа за услуги, а најмалку за стоки.