ТЕРА

REKLAMA???

МАКЕДОНИЈА Е НА 67-ТО МЕСТО ПО ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

Македонија е на 67 -то место по владеење на правото во 147 земји од целиот свет кадешто се реализира проектот што посочува на системските можности или ограничувања кога се работи за функционирање на правната дражва. Државата е меѓу малцинството земји чиј резултат на индексот за владеење на правото се зголемил и тоа за  1,0% во индексот за 2024-та. Регионално Македонија е рангирана на 6-то место од 15 земји во Источна Европа и Централна Азија. И, иако индексот е зголемен, сепак дражавата е во друштво на Танзаија, Никарагва, Камбоџа и блиску до Венецуела и Камерун.

Факторот 5 од Индексот за владеење на правото Ред и безбедност мери колку добро општеството ја обезбедува безбедноста на лицата и имотот, како фундаментална функција на државата за остваруавње на правата и слободите што ги пропагира владеењето на правото.

Тука Словенија е на виското 19-то место, Хрватска на 32, Црна Гора на 37 и Македонија на 42 месдто. Зад нас е Бугарија, на 52 место.

Факторот 6 – Спроведување на регулативите мери колку законите се спроведуваат и се спроведуваат ефикасно и праведно.

Албанија е на крајот на листата  од 142 земји, го има 114-то место. По неа од Балканот доаѓа Македонија на 96-то место, Црна Гора е 83-та, Бугарија 59-та, Хрватска 52-ра.

Седмиот фактор е Граѓанска правда – мери дали обичните луѓе можат да ги решат своите жалби мирно и ефикасно преку системот за граѓанска правда- дали системот е достапен, дали има или нема дискриминација по било која основа или несоодветно влијание на јавните службеници или тие се пристрасни, ги мери алтернативните механизми за решавање на спорови. Испитува дали судските постапки се спроведуваат без неразумни одложувања и дали одлуките се спроведуваат ефикасно.

Хрватска на 55 место, Црна Гора  66, Бугарија 69,  Исламска Република Иран 73, Брег на слонова коска 75, Македонија  76, Србија 93.

На крајот на табелата се Никарагва, Камбоџа и Венецуела

Факторот 8 од Индексот за владеење на правото го оценува системот за Kривична правда на една земја. Ефективниот систем за кривична правда е клучен аспект на владеењето на правото, бидејќи претставува конвенционален механизам за решавање на жалби и покренување постапки против поединци за прекршоци против општеството. Проценката на спроведувањето на кривичната правда треба да го земе предвид целиот систем, вклучувајќи ја полицијата, адвокатите, обвинителите, судиите и затворските службеници.

Словенија 37 место, Хрватска 53, Црна Гора 60,  Македонија 73, Србија 90, Албанија 92, а најлошо е во Камерун.

На глобално ниво, највисоко рангираната земја во Индексот за владеење на правото на „WJP“ за 2024 година е Данска, по сите 8 параметри првите 10 места ги менуваат Данска, Финска, Норвешка, Австрија, Германија, Пведска, Сингапур, Јапонија, Естонија, Холандија и Нов Зеланд.