ТЕРА

REKLAMA???

НП „Пелистер“ доби директна финансиска поддршка од АФПЗРР

Националниот парк „Пелистер“ за првпат добива директна финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Директорката на АФПЗРР Даниела Иротова Лазарева и директорот на ЈУ НП „Пелистер“ Иванчо Тошевски го потпишаа договорот со кој се уредува финансирањето на активности и инвестиции поврзани со заштитата, управувањето, унапредувањето и одржливиот развој на националниот парк.

Средствата, согласно програмите и плановите за управување со НП „Пелистер“, ќе бидат наменети за заштита на природните вредности и биодиверзитетот, мониторинг на видовите и живеалиштата, како и за превенција и заштита од шумски пожари.

Предвидени се и инвестиции во одржување и унапредување на зелената инфраструктура, патеките и пристапните објекти, набавка на опрема, санација и реконструкција на објекти, но и активности поврзани со еколошка едукација, подигнување на јавната свест и развој на еко-туризмот.

Од НП „Пелистер“ оценуваат дека поддршката доаѓа во значаен момент и создава услови за реализација на поголеми проекти кои треба да придонесат за нов развоен правец на паркот.

Колкава е вредноста на договорот, кои конкретни проекти ќе се финансираат и во кои рокови ќе се реализираат, засега не е прецизирано во објавената информација.