ТЕРА

REKLAMA???

МАКРОН: НА УКРАИНА ДА И СЕ ДОЗВОЛИ ДА ГАЃА ЦЕЛИ ВО РУСИЈА

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се залага на Украина да и се дозволи да напаѓа воените бази во Русија со оружје со долг дострел обезбедено од западните партнери.

Макрон со ова им се приклучи на претходните изјави на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој исто така се залагаше за промена на тој став, поради сложеноста на војната во Украина.

И високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел вчера ги повика членките на Унијата да најдат рамнотежа меѓу стравот од ескалација и потребата Украинците да се бранат, оценувајќи дека Киев треба да може да гаѓа на руска територија со западно оружје.

Прашањето дали да ѝ се дозволи на Украина да гаѓа цели на руска територија со оружје испорачано од Запад е деликатно откако Москва ја почна својата инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

Западните лидери во голема мера се воздржуваа од преземање на овој чекор бидејќи постои ризик тој да го испровоцира рускиот претседател Владимир Путин, кој постојано предупредуваше дека директното учество на Западот може да го доведе светот на работ на нуклеарен конфликт.

Макрон рече дека ставот на Франција е дека на Украина мора да ѝ се дозволи да неутрализира руски воени локации од кои истрелува проектили.

МИА