ТЕРА

REKLAMA???

МАНОЛЕВА: ТРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ ЛЕКАРИ СЕ ПРАТЕНИ НА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА ЗА РАЗЛИКА ОД ПОРАНО

Заменик министерката за здравство Маја Манолева која неодамна беше дел од караванот на СДСМ за превенција кој дојде и во Битола, ја прашавме за тоа од кој се поголеми критиките за состојбите во здравството, од граѓаните или од опозицијата.

„Сметам дека опозицијата е таа што сака да направи негативна атмосфера, иако ние како владејачка партија во овој изминат период имаме со што многу да се пофалиме. Секако тука е нашето вложување пред се во човечкиот капацитет, во луѓето кои што работат во здравствениот систем и во оваа прилика би сакала да искажам голема благодарност во сите здравствени работници, лекари, медицински сестри, лаборанти, болничари и останат медицински персонал, кој што несебично и неуморно постојано, 24 часа се вложува, се со цел граѓаните да имаат добро здравје, но и подобар животен стандард, затоа што само здравјето може да направи благосостојба во животот“ вели Манолева.

Заменик министерката за здравство вели дека освен што вложуваат во човечкиот капитал преку вработувања, преку упатување на лекари на специјализација, преку соодветни едукации, истовремено вложуваат во најсовремена и најсофистицирана медицинска опрема.

Прашавме како ќе се реши проблемот со недостатокот на лекари.

„Дефицитот на кадар е глобален проблем кој што не е присутен само во нашата држава. Јас лично сметам дека останувањето на нашите лекари тука во нашата земја може да го направиме само со политиката која што и досега ја спроведуваме, односно со зголемување на платите на лекарите, со зголемување на додатоците за дежурства, за ноќен труд и ткн, со упатување на нашите лекари на специјализација. Еве можам да изнесам еден подадок дека за шест години во јавните здравствени установи, се упатени на специјализација околу 1300 лекари што спопредено со претходите десет години значи од 2006 до 2016 година од 430 упатени лекари на специјализација, ќе се сложите е бројка која што е триплирана и тоа ќе биде мотив нашите лекари ширум државата, да останат тука, на овие простори и да лекуваат“ вели заменик министерката за здравство.