„Опозицијата блокираше закони пред локалните избори кои што по локалните избори станаа приоритет само заради тоа што добија поголем број на градоначалници. Тоа лицемерие мислам дека ќе биде поразено на наредните избори затоа што таа политика ни доведе до оваа ситуација“ истакна Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на „Топ тема“ на Телевизија Телма.
Тој додаде дека оваа влада ќе направи се додека трае мандатот на ова влада и ова собрание да ги исполни своите обврски и дека на следните избори ќе настапат со јасен план и со јасен поглед што е сработено, што било тоа успешно, што имало свои слабости.
„Ние сме влада која никогаш не ги крие своите слабости, напротив сме работеле на тоа да ги надминеме, а не сме биле доволни гласни во промоција нашите успеси тоа е сигурно.“
Според Маричиќ крајно време е да се отвори темата зошто ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја блокираат оваа држава на патот кон ЕУ.
„Не може да има одговорност во оваа држава за се освен за оние што блокираат. Крајно време е да се отвори темата зошто ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја блокираат оваа држава на патот кон Европската Унија“, истакна Вицепремиерот за европски прашања.
Тој додаде дека цената треба да ја платат оние кои што ја држат сопствената држава во заложништво и кои што сакаат самите да се закочиме себеси и да и дадеме аргументи на Бугарија.
„Јас мислам дека не треба да им се прости на оние кои што ја држеа заробена државата 11 години и кои што сакаат повторно тоа да го прават и на сите оние кои што им помагаат во тоа, сите оние кои што сакаат да не одалечуваат од ЕУ да не приближат кон Русија или да не приближат кон оние центри на моќ што се активно против нашето членство во ЕУ…“заклучи Маричиќ.












