Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен пристигна во Скопје, од каде што ја започнува минитурнејата низ земјите од Западен Балкан.
На аеродромот ја пречека вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.
„Посетата е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и е во клучен момент за нашиот евроинтегративен процес.
Имаме важни прашања кои треба да ги отвориме за реформите и обврските пред завршувањето на скрининг процесот и пред објавата на годишниот Извештај за напредокот за 2023 година.
На утрешниот состанок очекувам корисна и плодна дискусија фокусирана на следните чекори и планови за брз напредок кон полноправно членство во ЕУ“ напиша Маричиќ, зпо пристигнувањето на Фон дер Лајен.













