ТЕРА

REKLAMA???

„МЕЧО“ И „ПАРКИНЗИ“ ПРЕД СОВЕТНИЦИТЕ

Вовчето „Мечо“ предизвика уште една кавга во Советот во Битола. Го набавија со пари од граѓаните, го промовираа, но кога дојде да се одлучи каде и кога ќе сообраќа и која ќе биде цената, се раскараа. Вчера советничката од СДСМ Елена Кромидароска поднесе иницијатива до градоначалникот Тони Коњановски за разрешување на директорот на ЈП Паркинзи Зоран Михајловски. Иницијативата како што рече координаторот на советничката група на СДСМ Методија Илиевски ја поднесуваат поради повеќе основи.

„Првата основа поради загубите на ЈП и слично, едно недомаќинско работење, премногу партиски вработувања, а згора на се некни слушнавме од неговата уста како тој ја злоупотребува својата должност, договара во четири очи за некакви договори и примање на донации, многу беше хаотичен и мислам дека не доликува тоа на едно респектабилно претпријатие да го води таков лик кој пред се не ја почитува инситуцијата Совет, бидејќи мора и тој самиот да знај дека институцијата Совет е таа која е најодговорна за работењето на претпријатието, а не е тоа ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Коњановски“, рече Методија Илиевски.

Жалиме што еден проект кој што е добар за градот опозицијата се обидува да го оцрни, рече советникот Бојкоски од ВМРО ДПМНЕ.

„Ситуацијата со вовчето „Мечо“ е добар проект кој што се реализира од оваа локална самоуправа и навистина е жално што СДСМ се обидува една добра работа која што се случува во градот која беше желба 20 години на сите битолчани, се обидува со една негативна кампања една убава работа да ја сврти кон негативно и тоа е жално бидејќи безидејноста која што ја има СДСМ и во моментот го губат тлото под нозете, сите оние анкети коишто излегуваат за падот на нивниот рејтинг се обидуваат на секаков можен начин да ја оцрнат и работата на директорите и работата на градоначалникот и на целата локална самоуправа. Меѓутоа граѓаните тоа го гледаат и многу брзо ќе ги казнат. Жалиме уште еднаш што се обидуваат еден проект кој што е добар за градот да го оцрнат“, рече Бојан Бојкоски, советник од ВМРО ДПМНЕ.

После две и пол децении Битола го доби „Мечо“. „Мечо“ го имаше и во предизборна кампања и во 2017 и во 2021 единствено советничката група на Поинаку, меѓутоа очигледно потребата на партиите да фрлаат политика врз нешто што е добро не можеше да се совлада, па тоа се случи и со „Мечо“, рече претседателката на Совет Илиевска.

„Прво имавме партиска промоција, потоа имавме од страна на директорот некои изјави кои се чудни за сите, и сето тоа направи од нешто убаво ние во овај момент да треба да се објаснуваме пред медиуми за „Мечо“. Мечо се знаеше пред 6 месеци дека Општина Битола ќе го добие, бидејќи амандманот на Поинаку беше прифатен. До сега ЈП Паркинзи требаше да има изготвено анализа, пат каде ќе се движи, колку би била цената, значи требаше да имаат се средено и сработено. Сметам дека е несериозно после 6 месеци вие како директор да не знаете каде ќе сообраќа „Мечо“, каде ќе стои, зошто би била колку што би била цената и зошто нешто што е купено со пари од граѓаните би било обележано со какво друго било обележје освен со грбот на Општина Битола, бидејќи „Мечо“ е купен со пари на граѓаните на Битола, рече Габриела Илиевска, претседател на Совет.

Неосновано СДСМ и Коалицијата бараат оставка од директорот на ЈП Паркинзи, смета советникот Лозановски од Подем.

„Јас мислам дека СДСМ како опозиција се труди од нешто да направи да се изврти вистината. Сметам дека во обидот да се прикрие сопствениот неуспех е да се оцрни успехот на некој друг, а тоа е директорот на ЈП Паркинзи како и на Општината која што нели по иницијатива на друга советничка група беше изгласано, се одвоија средства да се набави оваа вовче и мислам дека радоста и среќата на дечињата не треба повторно да се валка политички. Сметам дека неосновано СДСМ и Коалицијата бараат оставка од директорот Зоран“, рече Златко Лозановски, советник од Подем.

„За“ иницијативата гласаа 17 советници од СДСМ и коалицијата, Поинаку и Левица, а со 13 гласови “против’’ се изјаснаа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.