ТЕРА

REKLAMA???

МЕЃУНАРОДЕН НАУЧЕН ФОРУМ „НАУКА ВО АКЦИЈА“

По повод Светскиот ден на науката за мир и развој, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола организира меѓународен научен форум „Наука во акција!“ на тема: „Цели за одржлив развој и промена на светот на подобро“.

Меѓународниот научен форум „Наука во акција!“ претставува шанса да се мобилизира домашната и странска, академска и екпертска јавност во контекст на науката за мир и развој со единствена цел – промена на светот на подобро!

Светскиот ден на науката за мир и развој којшто се одбележува секоја година на 10. ноември ја истакнува важноста на науката во општеството и потребата од вклучување на поширката јавност во дискусиите на нови научни теми.

Тој исто така ја потенцира вредноста и применливоста на науката во нашиот секојдневен живот.