ТЕРА

REKLAMA???

МЕЃУОПШТИНСКИ ПРЕВОЗ, ОД БИТОЛА ДО СКОЧИВИР 350 ДЕНАРИ

За в четврток закажана е вонредна седница на Советот на Општина Битола. Според материјалите за седницата се свикува вонредна седница на која треба да се даде решение за давање согласност на одлуката за усвојување на правилникот за возни линии, возен ред, вредност на билетот за линиски превоз на патници и цена за чинење на превоз по километар за слободен превоз во меѓуопштинското јавно претпријатие Пелалинк-Битола.

Со возниот ред се дефинира линијата број 1 Битола-Долна Чарлија преку Могила и Радобор, а цената на билетот во еден правец со вклучен ДДВ од Битола до Могила ќе биде 70 денари, до Радобор 90 денари и до Долна Чарлија 100 денари. Првиот автобус тргнува во 5 часот и 15 минути, а последниот во 20 часот и 20 минути.

Линијата број 4 е Битола-Скочивир преку Гермија, Бач, Живојно, Брод и Добровени.

Цената на Битилетот до Гермијан ќе биде 150 ден, до Бач 180 ден, до Живојно 230 ден, до Брод 300 ден, до Добровени 320 ден и до Скочивир 350 денари.

Другите две линии се Јавор-Поешево-Јавор и Шехерезада-Лавци-Шехерезада.

До Лавци цената на билетот во еден правец ќе биде 50 денари, а од Битола до Поешево ќе биде 60 денари.

Во врска со вредноста на бодот за пресметка на бруто плата во претпријатието се зголемува од 50,5 денари бруто на 55,55 денари во бруто износ.