ТЕРА

REKLAMA???

МИЛЕВСКИ: НОВИ 4 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ПОДДРШКА ЗА ОПШТИНА БИТОЛА

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски информира дека министерството одобрило нови 4 милиони денари поддршка за Општина Битола, на барање на градоначалникот Тони Коњановски.

„Нови 4 милиони денари поддршка за Општина Битола.

На барање на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски одобривме дополнителни 4 милиони денари за изградба на улици во старата Касарна, согласно ДУП за АРМ станбена улица 1, четврт 1 во Битола.

Средствата одобрени за реконструкција на патот до село Брусник, се во фаза на имплементација.

Со љубов за Битола!“, напиша министерот Милевски на социјалните мрежи.