ТЕРА

REKLAMA???

МИЛЕВСКИ: СДСМ, ДУИ, ДОМ, ЛЕВИЦА И ПОИНАКУ СИ ИГРАА СОВЕТ

По синоќешните случувања во Советот на општина Битола, кога ВМРО ДПМНЕ ја напушти седницата, а СДСМ, Поинаку и Левица разрешија управни и надзорни одбори во шест јавни претпријатија, на својот Фејзбук профил се огласи претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски.

„Што да се кажи за ваква шарена коалиција која беше дел од шарената револуција на Заев која ја предаде, продаде и уназади државата ?

СДС, ДУИ, ДОМ, ЛЕВИЦА и ПОИНАКУ спротивно на Законот за јавни претпријатија во нивни стил си играа совет на општина Битола. Незаконски ДУИ и СДС владеат веќе седма година.

Така го гласаа Талат за претседател. Со закани, притвори, затвори и притисоци изнудија промени на името и Уставот. Сега прават повторно предавство и најавата за нови уставни измени.

Денес во советот на општина Битола надвор од позитивните законски прописи, што е спротивно на член 17-ѓ од Законот за јавни претпријатија кој што вели:

„Основачот може да ги разреши сите членови на управниот одбор на јавното претпријатие пред истекот на мандатот доколку не даде согласност на годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие“.

Годишните сметки и извештаите за работењето беа усвоени на 26-тата седница во месец Април“ напиша Милевски на својот Фејзбук профил.