ТЕРА

REKLAMA???

МИНИСТЕРСТВОТО ИНСИСТИРА ПОЛАГАЊЕ НА МАТУРАТА ВО ОПРЕДЕЛЕНИТЕ ДАТУМИ

Министерството за образование и наука инсистира државната матура да се одржи на датумите кои се дефинирани во Календарот за организација на учебната 2022-2023 година во јавните средни училишта, односно првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, а вториот на 10 јуни.

Во соопштението на министерсвото се вели дека тие апелираат и до раководството на Државниот испитен центар и до членовите на Државниот матурски одбор целосно да се испочитуваат дефинираните рокови, во интерес на матурантите, чие понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот зависи токму од овој процес, како чин на формализација на средното образование и стекнување диплома.

„Изразуваме целосно разбирање и даваме поддршка на вработените во Државниот испитен центар за надминување на предизвикот со кој се соочуваат. Правото на синдикално организирање за остварување на одредени права е неспорно, но сепак, тоа не смее да биде на штета на учениците, кои треба да бидат консултирани за било каков нов предлог околу полагањето на државната матура.

Дијалогот помеѓу ДИЦ и Министерството за финансии треба да продолжи до изнаоѓање на конечно решение, но истовремено, неопходно е да продолжат и процесите кои ги засегаат матрантите“ се вели во соопштението од министерствто.

Полагањето на овогодишната државна матура, кое требаше да почне на 27 мај, се чини сè понеизвесно, откако вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) најавија дека продолжуваат со штрајкот, кој го започнаа пред 15-ина дена со барање до надлежните институции за покачување на нивните плати.

Давајќи образложение за ваквата одлука, претседателката на Синдикатот на ДИЦ, Емилија Бошковска, кажа дека ниту на последната средба која синдикалните претставници ја имаа со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не вродила со плод по однос на нивните барања.

Претседателката на синдикалната организација на 29-те вработени во ДИЦ, Емилија Бошковска, изјави дека на средбата во Владата им бил понуден К-15 што, како што тече им следува законси, а не го добиваат, и линеарно покачување од 2.000 денари што би добиле половина од вработените, иако тие барат различно покачување за различни позиции.