ТЕРА

REKLAMA???

МИЦКОСКИ: БИТОЛЧАНИ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ И ЌЕ ГО СОЧУВАМЕ РЕК И ЌЕ ГО ИЗГРАДИМЕ ТОПЛОВОДОТ

За време на неговата посета на Битола, премиерот Мицкоски го прашавме за тоа како тие како влада ќе продолжат со проектот за топлификација на Битола, кој во две насоки се гради на левата и десната страна на градот, а во контекст на тоа што и битолчани очекуваат да бидат приклучени, а не само јавните објекти.

Тој се врати на времето кога се зборуваше за планот за затворање на РЕК Битола.

„Топловодот што се гради зависи од тоа дали РЕК Битола ќе работи. А овие истиве кои вие ги споменавте дека го градат, потпишале дека ќе го затворат РЕК Битола. И тогаш се поставува прашањето врз основа на што ќе ги грееме битолчани на зима“ рече Мицкоски.

Вели имаат план, топловодот ќе се изгради, а и РЕК ќе продолжи да работи.

„И затоа ние како одговорна влада, кон граѓаните, кон битолчани имаме план како тоа да го реализираме. Инаку да топловодот ќе се изгради, ќе се пушти во употреба. Имаме намера сето тоа што тие го потпишале, а кое што е штетно за битолчани да го поништиме и да вложуваме во иднината на овој регион, реков тоа е од посебен мој личен интерес. Така што ние нема да водиме лицемерна политика, од една страна на потпишуваме договори со кои што ќе го затвараме РЕК Битола и ќе оставаме илјадници луѓе на улица, а од друга страна ќе трошиме повторно пари на граѓаните и ќе градиме топловод, кој што доколку би се затворил РЕК Битола ќе нема ресурс од каде да ја затоплува Битола. Ние и ќе го сочуваме РЕК Битола и ќе го изградиме топловодот, да бидат спокојни битолчани“ вели тој.

Наскоро се очекуваат и смени во ЕСМ, а следствено на тоа и во РЕК Битола, иако признава дека со овие промени малку задоцниле.

„Можеби со некои од кадровските решенија доцниме, можеби требаше и порано тоа да го направиме. Но, ако ги промените, зошто сте ги промениле ќе ви викаат. Еве помина еден месец, зошто не сте ги промениле. Многу внимателно пристапуваме. Лично сум фокусиран во изборот на кадри во РЕК Битола, бидејќи го знам и комбинатот и работењето на поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ, така што многу скоро ќе имаме ново раководство како во рамките на ЕСМ и во рамките на РЕК Битола“ рече премиерот Мицкоски.

Изградбата на главата топловодна мрежа е во надлежност на ЕСМ топлификација, а секундарната мрежа низ градот на општината.