Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека за 23 дена во Ноември АД ЕСМ потрошило околу 23.000.000€ за увоз на струја. Дневно се трошеле по 1.000.000€ само за увоз на струја.
„За само 23 дена во Ноември увезени се 87.970MWh струја за вкупна цена од 22.861.069€ или просечно секој MWh увезена струја граѓаните на Македонија го плаќале околу 260€.
Незнаењето и корупцијата продолжуваат и во првите 4 дена во Декември. За периодот од 1ви до 4ти Декември АД ЕСМ ќе увезе нови 23.240MWh струја и истите ќе ги плати АВАНСНО (слика 1)!. Оваа набавка, граѓаните ќе ги чини за само 4 дена околу 8.000.000€ или просечно нови 2.000.000€ дневно.
Авансно плаќаат со народни пари за авансно да добијат провизии. Одговорност ќе има“ вели Мицкоски.












