ТЕРА

REKLAMA???

МИЦКОСКИ: СЕ УШТЕ КОВАЧЕВСКИ НЕ КАЖА ШТО ПРИФАЌА

Претседателот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски, рече дека проблемот кој што го создадоа пред повеќе од една година како државотворна партија континуирано, и покрај тоа што не беа дел од тој проблем, во интерес на граѓаните се обидуваат да најдат решение. Тој вели дека на лидерската средба понудиле две решенија и наместо одговор и по поминати две недели, кои од тие решенија ги прифаќа Ковачевски и владата на СДСМ и ДУИ, тие гледаат континуирано лажење на отворена сцена.

„Првиот предлог е многу јасен, а тоа е евентуални уставни измени да имаат одложено дејство, односно кога ќе заврши ратификацијата на пристапниот протокол во парламентите на земјите членки, односно кога Македонија ќе биде земја членка. Тогаш веќе може да разговараме за евентуална апликација на тие уставни измени, да бидат ефективни. И вториот предлог е избори наесен. Да избере три термина: 24 септември, 1 или 8 октомври, бидејќи секако нас месеци нè делат до редовните, а не гледаме ние како политичка партија причина оваа Влада да остане ден повеќе“ рече Мицкоски.