ТЕРА

REKLAMA???

МЛАДАТА АНТОНИЈА БЕЛАЗЕЛКОСКА ОСВОИ НАГРАДА НА ФЕСТИВАЛ ВО ТЕКСАС

Талентираната Антонија Белазелкоска која ја толкуваше главната улога во “Северен пол” на 24-то издание на 24fps International Short Film Festival кој се одржа од 4-5 ноември во Тексас, ја доби наградата за најдобра актерка. Ова е нејзина четврта награда по ред. Во низата на последните награди е и наградата за “Најдобра актерка” во категоријата KIDDOS на 11-то издание на Visioni Corte Film Festival.

Претходно филмот на 27-то издание на италијанскиот фестивал Linea d’Ombra во рамките на компетицијата CortoEuropa, кој се одржа од 22-ри до 29 октомври во Салерно, ја доби наградата за за “Најдобар краток филм”. Тука е и наградата за најдобар филм на 14-то издание на фестивалот во Приштина, потоа наградата на петтото издание на фестивалот во Улцињ.

Исто така тука се двете награди за најдобар краток филм. Наградата KODAK BEST SHOT ON FILM ја доби во рамките  на 18-то издание на HollyShorts Film Festival кој се одржа од 11-ти до 20-ти август во Лос Анџелес. Приказната на „Северен Пол“ е приказна за прифаќање и меѓуврснички притисок, раскажана низ очите на 16годишната Марго, која ја игра Антонија Белазелкоска.