ТЕРА

REKLAMA???

МНОГУ ВИСОКО ЗАГАДУВАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА

Утрово многу високо загадување во центарот на Битола, покажа мерната станица Битола 2. Многу високото загадување е со ПМ 2,5 честичките, а високо загадување има со ПМ 10 честичките.

Ова се податоци за состојбата во 09:00 часот.

Во истото време мерната станица Битола 1 во индустрискиот дел на Битола измери високо загадување со ПМ 2,5 честичките и средно загадување со ПМ 10 честичките.

Утрово многу високо загадување има во скопско Лициче, Прилеп и Струмица.