ТЕРА

REKLAMA???

МНР ОБЈАВИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ

По силниот земјотрес во југоисточниот дел на Република Турција, Министерството за надворешни работи на Македонија, стапи во контакт со Амбасадата во Анкара и Генералниот Конзулат во Истанбул, кои се во постојана комуникација со надлежните институции на Турција.

Нашите дипломатско конзуларни претставништа во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732, соопштија од Министерството за надворешни работа.