ТЕРА

REKLAMA???

МОСКВА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПАРАДАТА НА ПОБЕДАТА

Русија се подготвува за Парада на победата во Москва, која се одбележува секоја година на 9 мај во чест на поразот кој Црвената армија ѝ го нанела на нацистичка Германија во Втората светска војна.

На Денот на победата, рускиот претседател се очекува да одржи говор на Црвениот плоштад во Москва пред воената парада, во која ќе бидат вклучени воени трупи, тенкови, проектили и интерконтинентални балистички ракети.

Во пресрет на 9 мај, западните претставници шпекулираа дека Путин може да ја искористи Парадата на победата за да објави ескалација на воената акција, можеби и директно објавување војна. Кремљ ги отфрли вакците обвинувања.