ТЕРА

REKLAMA???

МПЦ-ОА И СПЦ НАЈАВИЈА КАНОНИЗАЦИЈА НА СТЕФАНИДА СКАДАРСКО-БИТОЛСКА

Македонската православна црква Охридска Архиепископија, Преспанско-Пелагониската православна Епархија и манастирот „Св. Јован Претеча“-Слепче в сабота и в  недела ќе ја одржат канонизацијата на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска.

Прославата за  впишувањето на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска во списокот на Светите ќе започне од утре, сабота, 29 јуни со вечерна богослужба во манастирската црква „Св. Јован Претеча“ во Слепче и последен Парастос за Светителката. Објавувањето на одлуката на светиот архиерејски синод на македонската православна црква – охридска архиепископија ќе се одржи в недела на 30 јуни, во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“во Битола од 8.30 часот.

Настанот претставува и  завршница и на  работата на Сестринството од Манастирот Св. Јован Претеча во Слепче. Тие го објавија житието  на Стефанида, книга со наслов „Јас освен Христа ништо немам“ што доживеа и издание на Српски јазик создадоа икона, составија Акатист и Тропар.

„Светата преподобнa маченичка Стефанида Скадарско-Битолска не увери дека се возможни подвизите и живот во Духот и тоа непосредно во наше време, без особени услови за тоа“, пишуваат авторите од сестринството.

„Преподобната својот подвиг го започнала од својата 7 година во родното место Врака кај Скадар како Стефка Ѓурѓевиќ, кога престана да излегува помеѓу врсниците и се повлече во својата куќа во тишината, таму кадешто има помалку луге и средби.“  За нејзината духовна величина дознаваме преку нејзините исповедни писма коишто своевремено во Дечанската библиотека ги пронашол  Митрополит г-н Амфилохиј, а Сестринството на манастирот св. Јован Претеча -Слепче направи духовна анализа на тие исповедни писма изложувајќи ја нејзината блискост со светите отци и преподобните мајки од првите векови до денес.

Животот на Стефанида од 1933 година започнува со протераните и жртвите на војните. Се населила во Метохија. Во манастирот Дечани со неа често разговори водел кралот стефан Дечански. Добила повик од Надежда Аџиќ за да се приклучи на хуманитарнта дејност на сиропиталиштето Богдај. Оттогаш живеела во Битола. Во 1944 година, за време на наредбата за затемнување на градот, таа го оставила своето кандило запалено. Војници влегле кај неа и крвнички ја претепале, на Велики Петок. Погребана била во манастирот во Крстоар. Нејзините мошти се откриле во 1998 година, кога биле пренесени во слепченскиот манастир.

На Канонизацијата на Светата преподобномаченичка Стефанида се очекува присуството на Поглаварот на СПЦ Патријархот г.г. Порфириј и Поглаварот на МПЦ-ОА Архиепископот г. Стефан, архиереи и свештенослужители од МПЦ-ОА, како и на голем број високи црковни делегации од странство, монаштво и верен народ.