ТЕРА

REKLAMA???

НАГРАДИ ЗА УЧЕНИЦИ ОД БИТОЛСКОТО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ НА НАТПРЕВАРОТ АРТ ИН

Од 26. до 28. мај во Кавадарци се одржa Интернационалниот натпревар на класична музика „Арт ин“. Ова е 10.издание на натпреварот на кој Државното музичко училиште од Битола  редовно зема учество. Оваа година учениците од класата виолина кај професорот м-р. Сашо Кузевски, освоија четири меѓународни награди и тоа: Валентино Дучевски 7-мо одделение, втора награда, Сара Кулевска 8-мо одделение втора награда, Ирина Лозановска 4-то одделение и Анастасија Димческа 3-то одделение зедоа втори награди.

Жири комисијата во категоријата Гудачки инструменти беше составена од еминенетни музичари и професори и тоа: Наташа Стојановска, Љубица Симоновиќ-Величковиќ  од Ниш, Маре Видевска од Скопје, Марија Илиева од Штип, Менка Богоевска од Велес.

Меѓународниот натпревар за класична музика АРТ ИН е од едукативен и натпреварувачки карактер,формиран со цел да се развива културниот и образовниот живот преку соработка и дружење на деца и возрасни музичари – уметници од целиот свет. Оваа година на натпреварот имаше околу 400 учесници од повеќе земји.

Арт Ин е еден од ретките натпревари кои што се дел од меѓународната светска асоцијација Wafa и член на UNICEF клубот од Молдавија, заедно со повеќе држави.

Честитки за постигнатите успеси до учениците од Битолското музичко училиште и професорот Сашо Кузевски.