ТЕРА

REKLAMA???

НАД 4000 ПОСЕТИТЕЛИ ЗА ДВА МЕСЕЦИ ВО ЗОО ВО БИТОЛА

Со цел промоција и популаризација на Зоолошката градина во Битола во изминатиот период како што рече директорката потпишале меморандими за соработка со сите основни и дел од средните училишта од градот. Меморандумите предвидуваат можност на соработка, работа на заеднички проекти, одржување на работилници, како и групни посети. Практично учениците ќе можат да следат настава во природа.

„Скоро со сите основни училишта но и со дел од средните од Општина Битола, но и од околните општини потпишавме меморандуми за соработка коишто се во насока на промоција и популаризација на ЗОО Битола и некои заеднички активности односно настани коишто ќе ги реализираме. Веќе почнавме да ги гледаме плодовите од тие меморандуми затоа што во месецот што измина имавме доста посетители од училиштата коишто тука организираат дел од практична настава, односно настава во природа, прават поетски рецитали, ликовни секции итн. Во наредниот перид ќе организираме еден групен состанок со сите директори на училиштата и со наставниците по ликовно образование каде што имаме некои заеднички проекти коишто ќе ги правиме се со цел да внесеме малку колорит во ЗОО Битола и мислам дека со тие настани и работилници коишто ќе ги правиме дека ќе придонесиме Зоолошката градина да ја направиме малку попријатно катче за посетителите“, рече Елена Мирчевска, директор на ЗОО Битола.

Прашавме колку се задоволни од посетеноста на Зоолошката градина?

„Зоолошката градина во Битола е интересна сама посебе како институција поради тоа што сме стара институција и датира од 50-та година и на околу 2 метри хектари површина која што плени со својот изглед и местоположба. Имаме нешто повеќе од над 270 единки од околу 70-тина различни видови. Нашата институција е малку специфична во тој поглед затоа што временските услови треба да дозволат и многу зависи од временските услови за нашата посетеност. Можеме да се пофалиме дека во последните два месеци имаме зголемен број на посетители и оние реакции коишто ги гледаме од посетителите  тие се позитивни. Имаме нешто над 4 илјади посетители само во овие два месеци“, вели Мирчевска.

Директорката вели дека и во следниот период планираат да вложуваат во ЗОО градина во Битола, со цел да привлечат што поголем број на посетители.