Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, во Македонија се родени вкупно 18 183 деца, од кои живородени се 18 073, а мртвородени 110. Бројот на живородените деца во 2022, во споредба со минатата година, е намален за 3.1 %. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа од 51.2 %, односно на 100 живородени женски деца 104.8 се машки. Според месецот на раѓање, најголем број раѓања, 1 717, имало во месец јули. Според возраста на мајката, најголемо учество од 33.2 % имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.4 години, а кај прворотките 27.7 години. Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1993 година. Во 2022 година се регистрирани 17 живородени деца од мајки на возраст помала од 15 години. Вонбрачни живородени деца се 2 298 или 12.7 % од вкупниот број на живородените деца.
Во Пелагониските општини состојбата е следна:

Во Битола лани се родиле вкупно 714 деца, од кои 704 живородени. 361 дете биле од машки пол и 343 од женки пол. Во брачна заедница се родиле 589, а вонбрачна заедница се родиле 115 деца.

Во општина Прилеп се родиле вкупно 537 деца, од кои 534 живородени. Во Прилеп ист е бројот и на машки и на женски деца 267. Вонбрачни живородени деца во оваа општина има 95, а во брачна заедница се родиле 429.

Во општина Ресен во 2022 се родиле вкупно 98, ок кои 97 живородени. 41 дете било машко а 56 биле женски деца. Во брачна заедница се родиле сите 97 бебиња, а во вон брак нема.

Во Општина Демир Хисар лани се родиле вкупно 41 дете и сите се живородени и во брачна заедница.. Од нив 15 се машки, 26 женски деца.

Во Општина Новаци минатата година се родиле вкупно 21 дете. Од нив 8 се од машки пола, а 13 од женски пол. Две деца се родиле во вонбрачна заедница, а 19 во брачна заедница.

Во Општина Могила лани се родиле вкупно 35 живородени деца. Од нив 23 биле машки, а 12 деца женски. 32 деца се родени во брачна заедница, а 3 вон брачна заедница.

Во Општина Кривогаштани во 2022 година се родиле вкупно 33 живородени деца. 21 дете биле од машки, а 12 од женски пол. 31 се родило во брачна заедница, а 2 во вонбрачна заедница.

И во Општина Долнени ланската година се родиле вкупно 131 дете, од кои 130 се живородени. 74 се од машки пол, а 56 од женски пол. Во брачна заедница се родиле 110, а 20 во вонбрачна заедница.












