ТЕРА

REKLAMA???

НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ЕУРОСУПЕРОТ БС-98 И НА ЕКСТРА ЛЕСНОТО МАСЛО

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,12%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.03.2023 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 75,50 ден/лит и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,779 ден/кг. 

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 75,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 74,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 39,779 (денари/килограм)