ТЕРА

REKLAMA???

НАЈМАЛКУ 16 ЖРТВИ ВО ПОЖАР ВО СТОКОВНА КУЌА ВО КИНА

Најмалку 16 лица загинаа во пожар во стоковна куќа во југозападната кинеска провинција Сечуан, јавија државните медиуми.

Пожарот избувнал во 14-катница во високотехнолошката зона на градот Зигонг, обвивајќи ја околината со густ чад,

Пожарот бил изгаснат во раните утрински часови. Пожарникарите и спасувачите одговориле на повикот за пожар веднаш и притоа биле извлечени 75 луѓе на безбедно.

Засега не е познато колку луѓе имало во зградата кога избувнал пожарот. Прелиминарната истрага покажа дека пожарот настанал поради извршување градежни работи, а во тек е натамошна истрага за утврдување на деталите.

Во зградата се сместени стоковна куќа, канцеларии, ресторани и кино сала.