Најсреќниот човек на светот„ на Теона С. Митевска доби награда за најдобар филм од ПЕКК, 35.
издание на Панорама на европски филм во Атина . Во своето 35 годишно постоење, “Панорама на европски филм“ се наметна како уметничка институција која секоја есен го означува културниот живот на Атина. Овој фестивал е ориентиран кон истакнување на европската и грчката кинематографија,
модерната како и постара, без игнорирање на кинематографијата од остатокот од светот.

На овогодинешното издание, „Најсреќниот човек на светот“ на Теона С. Митевска добива награда за
најдобар филм од меѓународна натпреварувачка секција доделена од страна на Панхеленичкото здружение на филмски критики (ПЕКК) чија комисија е сочинета од: Ифигенија Каланци, Димитрис Калантидис и Тасос Нтертилис. Филмот освои и три награди на фестивалот во Порторож, а беше прикажан и во Белград.
„Најсреќниот човек на светот“ е веќе откупен за кино дистрибуција во Грција од страна на АМА
Филмс, кој се докажа како одличен дистрибутер на „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“












