ТЕРА

REKLAMA???

НА „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ ЗА ПРВ ПАТ И ГОСТИ ОД ЈУЖНА КОРЕЈА

Во тек е 54 издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. Од 19-ти јули започна придружната програма, а официјално на 26-ти јули е традиционалното фолклорно дефиле низ Широк сокак, а потоа на платото на Офицерскиот дом и свеченото отворање.

Годинава фестивалот е со рекорден број содржини и број на денови во кои е распоредена фестивалската програма.

И годинава освен културно-уметничките друштва, фолклорни ансамбли, пејачки групи од Македонија има и гости од странство. За првпат на илинденската фестивалска сцена ќе имаме гости и од Јужна Кореја.

Во продолжение ви го пренесуваме интерејуто со директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска-Илиевски.