Фестивалот стартуваше во четвртокот, а според бројот на посетители и интересот, уште првиот ден беше јасно дека годинава ќе бидат надминати сите очекувања на организаторите во однос на посетеноста, рекоа организаторите на Пиво фест.

Според проценките, над 150.000 луѓе беа дел од настаните и настапите на изведувачите во текот на четирите фестивалски вечери. Посетители имаше од цела Македонија, но и од регионот, посебно вчера и во саботата.

На вториот ден го посетивме фестивалот. Оние со кои разговаравме велат дека по годините на пандемијата ова е вистинска можност за релаксација.

И тука цените повисоки заради сите поскапувања.
Прашавме колку ќебапи продале на првата вечер. Соговорникот ни кажа бројка од 3000.

Друг вели дека со години е дел од фестивалот и дека на првата вечер се барало место повеќе за да се седне.

Посетителите имаа можност да уживаат во музика, пиво и скара. Секодјевните проблеми со скапотијата присутни, но велат на градот му треба ваков фестивал.

И не само на главната улица и плоштадот, туку се има впечаток дека целиот град е фестивал.












