Со проекција на филмот, комедијата „Шампиони“, во организација на Центарот за кутура и соработката со Амбасадата на Кралството Шпанија во Македонија, беше отворена филмската ревија Недела на шпански филм во Битола.

На присутните им се обрати амбасадорот на Шпанија Хозе Луис Лозано Гарсија и директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски. Битолските филмофили досега имаа можност да ги погледнат филмовите : Ќе дојде огнот, Темносино скоро црно, Ај, Кармела, Тајната во нивните очи, Црни дијаманти, а на 1 -ви декември се затвора Неделата на шпански филм со проекција на филмот Лесно е да се живее со очи затворени.












