ТЕРА

REKLAMA???

НЕКОГАШНАТА БИТОЛСКА АТРАКЦИЈА ЗА НАЈМЛАДИТЕ, ТРГНА НИЗ ГРАДСКИОТ ПАРК 

Електричното вовче „Мечо“, утринава тргна низ Градскиот парк. Набавката на вовчето и неговото ставање во функција ги реализираше Општина Битола во соработка со ЈП Паркинзи, со цел враќање на некогашната атракција за најмладите и создавање на нови можности за нивна забава и рекреација.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, им посака многу среќни мигови на најмладите, за кои и е наменето вовчето „Мечо“.

„Денес сме на еден прекрасен настан во Градскиот парк во Битола. После 25 години, повторно ја враќаме традицијата, која што беше многу значајна за Битола. „Мечо“, повторно стартува во Битола. Ова е еден мал придонес за градот, на задоволство на најмладите, на нивните родители, на сите добронамерни граѓани, кои се радуваат на овој настан. Би сакал да се заблагодарам на советниците од Советот на општина Битола, што ја поддржаа оваа иницијатива, на напорот кој го вложи ЈП Паркинзи, да тргне оваа наша мала битолска атракција“ изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Директорот на ЈП Паркинзи, ги повика најмладите да бидат дел од промотивните бесплатни возења кои ќе следуваат.

„Општина Битола со ЈП Паркинзи има неколку проекти, меѓу кои реконструкцијата на паркингот кај Спортската сала, осовременувањето на новите паркинзи, како и други проекти“, изјави Зоран Михајловски, директор на ЈП Паркинзи.

Промотивните возења ќе продолжат од 10:00 часот до пладне, од вторник до недела.

Фото: Општина Битола