ТЕРА

REKLAMA???

НЕМА НИШТО ДА ЗАГУБИМЕ, ОСТАНУВАМЕ МАКЕДОНЦИ КОИ ГОВОРАТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Од нас сите зависи, не само како ќе си го зачуваме јазикот, туку колку ќе вложиме во таа кауза, рече рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на трибината „ЕУ за македонското културно наследство“, која синоќа се одржа во Битола.

“Блаже Конески рекол дека од нас зависи како ќе си го зачуваме јазикот и како ќе го негуваме. Јас би додала, од нас сите зависи, не само како ќе си го зачуваме јазикот, туку колку ќе вложиме во таа кауза и колку ние ќе дозволиме на државата да се движи напред, по патот на сите држави кои денес се полноправни членки на Европската Унија, за да можеме да ја донесеме Европа дома”

Таа додаде дека мисија на ЕУ е да ги заштитува и да ги промовира културните специфичности на секоја држава без да се негираат националните култури и идентитети.

“Европската Унија го поддржува и го поттикнува зачувувањето на македонскиот културен идентитет, а за тоа се доказ европските средства вложени преку многубројните програми за реставрација на значајни културно-историски споменици низ државава” рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката рече дека македонската култура е европска и е додадена вредност на богатството и културната разновидност на заедничкото европско наследство.

“Ниедна држава не го загубила идентитетот со тоа што станала членка на ЕУ. Нема ни ние. Нема ништо да загубиме, остануваме Македонци, кои говорат македонски јазик, кои имаат свои културни обележја, бидејќи за културата не се преговара во пристапните преговори” рече министерката за култура.