Претпладне времето беше сончево со мала до умерена облачност.
Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. Во Битола до 30 степени.












