ТЕРА

REKLAMA???

НЕ СЕ УКИНАТИ БЕНЕФИЦИИТЕ ЗА КРВОДАРИТЕЛИТЕ

Од Институтот за Трансфузиона медицина на Република Македонија информираат дека информацијата дека се укинати бенефициите на крводарителите е неточна. Имено, како што се велат од таму,  за време на пандемијата Министетство за Здравство и Фондот за здравствено осигурување ја проширија можноста за неплаќање на партиципација и во приватните здравствени установи поради преголемиот обем на работа во јавните здравствени установи. Но сега сме во нормална состојба и се враќа користењето на бенефициите само во јавните здравствени установи. Ова значи дека бенефициите на крводарителите односно ослободување од плаќање на партиципација на крводарителите кои имат над 10 пати дарувано продолжува и понатаму да се подржува од Министерство за Здравство, се наведува во информацијата  од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија. 

На веб страната на институтот за трансфузиона медицина ги пишува бенефициите за крводарителите. 

Според законот за работни односи на Македонија, член 150, работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв.

Дарителите на крв кои даруваат крв повеќе од десет пати се ослободени од Партиципација во цената на некои здравствени услуги како:

  • амбулантно-поликлиничка здравствена заштита
  • лабараториски прегледи и анализи
  • ренгентски прегледи, ехографски снимања, преглед со скенер и магнетна резонанца
  • специјалистички лекарски преглед
  • болничко лекување и рехабилитација (заклучно со 30-тиот ден, вклучувајќи и болничка исхрана)

Освен ова предвидени се и признанија, благодарници и пригодни обележја за секој крводарител кој дарувал крв 5, 10, 25, 50 или повеќе пати. Признанијата ги обезбедува Црвен Крст на Р. Македонија, се нааведува во објавата на веб страната на Институтот за Трансфузиона медицина.