ТЕРА

REKLAMA???

НИКОЛОВСКИ: ДОПОЛНИТЕЛНА ПОДДРШКА ЌЕ ИМА И ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ПЧЕНИЦА

Иако преполовена во Македонија цената на јачменот е највисока во регионот, рече министерот за земјоделие Љупчо Николовски, прашан за тоа зошто годинава цената на јачменот е 9 денари за килограм, цена која е половина од ланската. Тој рече дека цените се утврдени на берза. Заради драстичниот пат на откупните цени на светските берзи министерот ја напомена поддршката што ќе ја добијат производителите на јачмен во висина од 12 илјади денари од хектар.

„Тоа се должи на целокупната поддршка која што ја даваме, која што е дополнителна. Оваа година беа навремено експресно исплатени субвенциите за пољоделците на самиот почеток на годината. Утре ќе објавиме согласно динамиката ова ќе биде историска година во која што согласно законот, ако законот вели до 30 јуни се исплаќаат основните плаќања, ова ќе биде прва година од основањето на Платежната агенција од постоењето на директните плаќања во која што тој рок ќе биде испочитуван. На последната подсекторска група минатиот петок беше доставено барање до мене од подсекторкста група, следејќи ги берзанските цени дека 9 денари е откупот на јачменот донесовме мерка да дополнително мерката за принос ја зголемиме на 12 илјади денари за сите производители на јачмен кој што ќе остварат над 3 хектари, а податоците говорат дека е многу поголем приносот. Нашата цел била да ги задржиме површините, да ги зголемуваме и да го зголемуваме производството. Цените ги диктира светските регионални берзи, а државата е секогаш тука да помага и затоа овие 200 евра“, рече Николовски.

Министерот рече дека ќе има поддршка и за производителите на пченица.

„Што се однесува за пченицата морам да напоменам дека Битола е значаен дел за оваа работа. Моментално продолжува работата на подсекторската група и ќе ја објавиме поддршката за пченицата. Поддршка ќе има и тоа денеска е веста од Битола. Обликот на поддршката сакам да биде исконсултиран и да дојде од самите подсекторски групи . Како што минатата недела тоа што го предложи подсекторската група за јачменот го прифативме веднаш и го доставивме до Влада, така и утре да дефинираме кој тип на дополнителна поддршка ќе добијат земјоделците“, рече Николовски.