ТЕРА

REKLAMA???

НИКОЛОСКИ: СТАВОТ НА ПАРТИЈАТА Е ЈАСЕН ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Ставот на партијата е јасен, ние не поддржуваме уставни измени под бугарски диктат. Така што јасно е и нема што тука дополнително да додаваме или одземаме.  Година дена власта ја влече оваа тема во јавноста, година дена раскажуваат приказни, добро е што ќе дојде во Собрание за да се увери целата јавност дека нема мнозинство и дека ниеден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласа за отворање на Уставот, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за МТВ.

Николоски потенцира дека лошо е што државата е ставена во една ваква ситуација да се дискутира за македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската историја, култура и јазик, а од друга страна добро е што целата вистина ќе излезе на виделина.

Во однос на странските министри кои доаѓаат Николоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ пред нив ги презентира своите ставови и нема нешто што јавноста не го знае.

– Имаме јасен и цврст став, тоа е ставот кој го дели мнозинството од населението, 85% од етничките Македонци се против уставните измени, а токму тие се загрозени од овие бугарски барања.  Никој не дал гаранција дека ова ќе е последно барање на Бугарија, никој не гарантира дека за 6 до 12 месеци нема да има друго вето на пример за националната определба на Гоце Делчев или за вечното почивалиште на  Делчев дали треба да е во Свети Спас во Скопје или во Благоевград како што сега бараат одредени кругови во Бугарија. Никој не гарантира дека ова ќе е последно барање ти тоа една од причините зошто сме против, рече тој.