ТЕРА

REKLAMA???

НИТУ ЕДНО ПРАШАЊЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Денеска се одржа уште една комисија, овој пат за економски развој, а во функцијата на утрешната седница на Советот на Општина Битола, каде ќе се најде и ребалансот на буџетот за 2024 година.

Речиси 13 минути објаснуваше претставникот на општината што се промените во програмата за еконоски развој.

Како што соопшти претставникот на општината Венцо Шишкин со предлог измената на програмата за економски развој се предвидуваат дополнителни средства од над 3,3 милиони денари.

Има два дела во кој генерално се врши промената. Првиот дел се однесува на веќе склучените договори за проектирање со економските оператори, каде што некаде има дополнување на срествата врз основа на претпоставената вредност, а некаде намалување.

И во вториот дел на програмата има нови предлог проекти за проекторање. Шишкин околу тринаестина минути ги читаше измените на програмата, по што беше даден можност за дискусија, но ниту еден член на комисијата не се јави за збор.

Се гласаше и веднаш заврши оваа седница на Комисијата за економски развој.