ТЕРА

REKLAMA???

НОВА СЕРВИСНА УСЛУГА ВО „СЈУ РАЈДЕР“ ЗА ВРЕМЕНО ЗГРИЖУВАЊЕ

По сите случувања во Советот на Општина Битола, на последната седница советниците едногласни за и со пофални зборови, предлогот за воведување нова сервисна услуга во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ Битола, кој претходно директорката на старскиот дом Марина Ќрстиќ го образложи на седницата на Комисијата финансии и буџет.

Рече дека светските искуства и трендови дошле на идејата да ги пресликаат тука, во нивната установа.

Станува збор за времено згрижување на стари лица од неколку часа или денови, додека членовите на нивните семејства имаат професионални или лични обврски.

Нејзиниот предлог се најде и на седницата на Советот, каде како што рековме сите го поздравија, за разлика од разногласието по многу други прашања.

И ВМРО ДПМНЕ и коалицијата го поздрави овој проект. 

И советничката група на СДСМ ја поздрави оваа иницијатива на старскиот дом.

Како што рековме оваа точка беше изгласана едногласно.