ТЕРА

REKLAMA???

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈОТ НА ПАТОТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП

Од 14:10 часот сообраќајот на патиот правец Градско – Прилеп е нормализиран, соопштија од Автомото сојузот на Македонија.

Како што беше објавено претходно поради обилни врнежи дожд и излевање на р.Реачка река, кај с.Раец, од 07:20 часот сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп беше во целосен прекин.

На клучката кај м.в.„Мотел Дреново“, на коловозот имаше големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите свлечиште и одрон на карпи.

Поради излевање на Крива река, во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон с.Варовиште и с.Градец. Исто така, во с.Пчиња (Куманово) има собрани дрвја и гранки под мостот на р.Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот.

Фото: МИА архива