СВР Битола соопшти дека 07.07.2023 во 16.46 часот во СВР Битола било пријавено дека во отворениот Олимписки базен во Битола се удавило 22 годишно момче од Шпанија.
Смрт констатирал лекар, а увид на местото извршила екипа од СВР Битола. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, стои во полициското соопштение.
Која е причината за смртта на момчето треба да покаже обдукцијата.












