На наше огромно задоволство прифатен е амандманот со кој што се обезбедуваат 90.000.000 денари или 1.500.000 евра за реализација на проектот за изградба на „Фабрика за рециклирање на отпад“ во општина Прилеп, вели градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.
Тој преку Фејзбук објава изрази огромна благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а особено на прилепските пратеници Ане Лашкоска и Петар Ристески за нивниот ангажман и труд кој што секојдневно го вложуваат во Собранието.
„Во време на опозиција и тешки услови за нашата држава конечно започнува процесот на децентрализација на буџетски средства за изградба на капитални проекти во општините!
Со реализацијата на овој проект ќе ја продолжиме нашата грижа за заштита на животната средина, ќе се овозможи отворање на нови работни места, а Прилеп со сигурност ќе продолжи да биде лидер во Република Македонија во однос на менаџирањето со отпадот.
Ова дефинитивно ни дава поттик да продолжиме уште посилно да делуваме и да работиме на развојот и иднината на нашиот Прилеп.
Важно е промените да продолжат и сакам да напоменам дека следува период во кој што заедно ќе реализираме уште капитални проекти за подобра иднина на сите прилепчани, онака како што ветивме“ вели градоначалникот на Прилеп.












